Супер Глоуб

Барселона го помина Ал Вехда и се пласира во финале, но не одеше се така мазно

Барселона со 34:24 ја победи екипата на Ал Вехда и се пласира во финалето на Супер Глоуб, но Каталонците губеа со три разлика на полувремето.

Барселона одигра очајно лошо прво полувреме против Ал Вехда, по првите 30 минути каталонскиот тим губеше со три голови разлика 13:16.
 
По паузата на теренот како да излезе некоја нова Барселона, покажа кој е кој, го доби полувремето со фантастични 21:8 и на крајот славеше со дури десет голови разлика 34:24.
 
Најефикасен во составот на Барса беше поранешниот Вардарец, Лука Циндриќ со седум голови.
 
Барселона во сабота ќе игра во финалето против Кил, а Вардар ќе има дуел со Ал Вехда за третото место.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе