Куп на Шпанија

Барселона го освои Купот на Шпанија, прв трофеј со Роналд Куман (ВИДЕО)

Барселона го освои првиот трофеј под водство на Роналд Куман откако во финалето на Купот на Шпанија го победи Атлетик Билбао со 4-0. 

Фудбалерите на Атлетик Билбао долго време одолеваа на нападите на Барселона, а откако беа скршени, нивната мрежа брзо се наполни.
 
Резултатот беше отворен во 60. минута кога по асистенција од Де Јонг, Гризман постигна гол за водство на Барселона од 1-0.
 
 
Само три минути подоцна Де Јонг постигна гол со глава по асистенција од Алба.
 
 
Во 68. минута прекрасна акција на Меси и Де Јонг која со гол ја круниса Аргентинецот за предност на Барса од 3-0, веќе немаше дилеми кој ќе биде победникот.
 
 
Четири минути подоцна нова убава акција ана Барселона, Меси постигна уште еден гол и ги постави конечните 4-0.
 
 
Победата можеше да биде и поубедлива, но во финишот од мечот ВАР му поништи гол на Гризман поради офсајд.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе