Л'Екип најавува спектакуларен трансфер

Барселона го испраќа Кутињо на позајмица во Арсенал, „топчиите“ прават супер офанзива

Филипе Кутињо се враќа во Премиерлигата, Л'Екип пренесе дека Барселона ќе го испрати Бразилецот на позајмица во Арсенал.

Барселона ја реши иднината на Филипе Кутињо, барам така пренесе попладнево Л'Екип. Реномираниот весник од Франција објави дека Бразилецот се враќа во Премиерлигата.

Тој треба да биде испратен во Северен Лондон на позајмица, а повеќе детали од зделката не беа откриени. Л'Екип не наведе колку пари ќе платат „топчиите“ за тоа што ќе ги користат услугите на Филипе Кутињо во следните 12 месеци, ниту пак дали ќе добијат опција во целост да го купат играчот.

Медиумите од Шпанија уште пред неколку дена говореа за идејата Бразилецот да биде испратен на позајмица за сума од 25-30 милиони евра, а дуелот помеѓу Барселона и Арсенал на трофеј „Жоан Гампер“ се гледаше како идеално место за преговори.

Доколку се реализираат ваквите најави, „топчиите“ ќе имаат страшна офанзива со Обамејанг, Лаказет, Озил, Мхитарјан, Пепе, Кутињо и уште неколку млади играчи, но одбраната и понатаму ќе остане најголем проблем.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе