Примера

Барселона го доби дербито со Атлетико и ги реши сите дилеми околу шампионот во Примера (ВИДЕО)

Барселона со 2-0 го победи Атлетико Мадрид и на седум кола до крајот на сезоната има дури 11 бодови предност пред тимот на Диего Симеоне. 

Атлетико Мадрид отпатува на Камп Ноу со цел да ја победи Барселона и да предизвика каква таква неизвесност во последните кола од шампионатот, но тоа не се случи.
 
Диего Симеоне кој ја нема победено Барселона со Атлетико Мадрид, не успеа да го направи тоа ниту денеска, а еден од најголемите виновници беше и Диего Коста.
 
Напаѓачот на Атлетико Мадрид направи голема глупост во 28. минута, заработи директен црвен картон поради пцуење и го остави својот тим со играч помалку.
 
Барселона беше надмоќна на теренот, но предноста од играч повеќе ја искористи дури во 85. минута кога Луис Суарез погоди за водство од 1-0.
 
Веќе во следниот напад Лео Меси зголеми на 2-0 и го постави конечниот резултат.
 
На седум кола до крајот на шампионатот Барселона има бодовна разлика која не е замисливо да биде стигната, тие имаат 73 бодоци, 11 повеќе од Атлетико Мадрид, и 13 од Реал Мадрид.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе