Лига на шампиони

Барселона ги освои првите бодови во ЛШ оваа сезона, Пике донесе победа против Динамо Киев (ВИДЕО)

Барселона со 1-0 го совлада Динамо Киев и дури во третото коло дојде до првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона, Салцбург со 3-1 го совлада Волфсбург. 

По поразите од Баерн Минхен и Бенфика, Барселона конечно се израдува на победа во Лигата на шампионите откако го совладаа Динамо Киев на свој терен.
 
Единствениот погодок го постигна Пике кој по центаршут на Алба се најде на вистинското место и погоди за победа од 1-0.

Во вториот меч од терминот од 18:45, Салцбург со 3-1 го победи Волфсбург.
 
Окафор даде два гола, еден постигна Адејеми, погодокот за гостите беше дело на Нмеча.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе