Примера

Барселона е во криза, трет натпревар по ред не знае за победа во Примера (ВИДЕО)

Нов кикс на Барселона во шпанската лига, овој пат Каталонците одиграа само 1-1 на Камп Ноу против Атлетик Билбао, тоа за нив е трет меч по ред како не знаат за победа во Примера.

Фудбалерите на Барселона им приредија ново разочарување на навивачите, денеска во финишот од натпреварот се спасуваа од пораз против Атлетик Билбао на свој терен. 
 
По ремито со Жирона и поразот од Леганец, ова е трет кикс по ред, од можни девет бода Барселона освои само два.
 
Резултатот беше отворен во 40. минута од натпреварот кога по еден одличен центаршут на Сусаета, Де Маркос ја смести топката во мрежата на Барселона за водство од 1-0.
 
Каталонците се обидуваа да израмнат, имаа неколку добри шанси, два пати стативата беше сојузник на Атлетик. Голот конечно дојде во 84. Мунир се најде на вистинското место и погоди за конечни 1-1.
 
Реал Мадрид денеска го игра големото градско дерби против Атлетико, минатиот пат не профитираше од киксот на Барселона, сега добиваат нова шанса.
 

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе