ФК ВАРДАР

Барсегјан потпиша нов договор со Вардар

Ерменскиот фудбалер, Тигран Барсегјан останува во Вардар до 2019 година откако стави потпис на нов две годишен договор со македонскиот шампион.

Барсегјан кој минатата сезона дојде во Вардар, ќе остане во клубот најмалку уште две години. Тој е среќен што ќе продолжи да го носи црвено-црниот дрес.
 
„За мене е чест што сум сум дел од Вардар, екипа во која што се работи максимално професионално и во која условите за работа и за напредок се одлични. Тука сме како една фамилија, функцинираме сите како еден, и среќен сум што ќе останам во Вардар и во следните две години.  Веќе една година сум дел од оваа екипа, која што ќе ми остане во вечно сеќавање бидејќи тоа беше мојата прва титула со Вардар. Благодарност до раководството, до стручниот штаб и до соиграчите за целата поддршка во текот на изминатата сезона, и јас ќе дадам се од себе и следните сезони да бидат со освоени титули“ - вели Ерменецот за официјалната страна на клубот.
 
„Посакувам да има уште многу победи, шампионски и Куп пехари, и, секако, успеси во Европа. Јас како и сите други со нетрпение ги очекуваме натпреварите од Лигата на шампионите. Ни останува само добро да се подготвиме за тој предизвик, и убеден сум дека секој ќе даде се од себе Вардар да направи успех и на меѓународна сцена. Се надевам дека тоа ќе биде ова лето и сите заедно да испишеме една успешна страница во историјата на клубот“.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе