Клубот од Камп Ноу во тешка ситуација

Барса за трансфери должи околу 332 милиони евра, огромни суми чекаат Ливерпул, Ајакс, Јувентус...

Барселона пријави долг од околу 1,2 милјарди евра, „каталонците" должат околу 322 милиони евра на клубови за трансфери направени изминативе години.

Клубот од Камп Ноу ги објави финаксиските резултати заклучно со 30. јуни 2020 и пријави загуба од речиси 1,2 милјарди евра од кои 730 милиони се краткорочен долг и се водат преговори за одложување на исплатите.

Извештајот покажува дека Барселона должи околу 332 милиони евра на клубови за трансфери направени изминативе години. Од оваа сума,126 милиони се краткорочни долгови, а 196 милиони евра се долгорочни.

На Ливерпул му се должат 69 милиони евра за трансферот на Филипе Кутињо, од кои 29 милиони се краткорочни, а 40 милиони се долгорочни. На Ајакс му се должат 64 милиони евра за Френки Де Јонг, од кои 16 милиони се краткорочни а 48 милиони евра се долгорочни.

На Јувентус му се должат околу 57 милиони евра за трансферот на Миралем Пјаниќ, а има и долгови за играчи кои повеќе не се дел од клубот.

На Гремио му се должат над 21 милион евра за Артур Мело, на Бордо му се должат 20 милиони за Малком, а На Баерн Минхен му се должат 950.000 евра за Арутро Видал.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе