„Колчонероси“ веќе се пожалија кај Ла Лига

Барса во проблеми?! Атлетико има мејл од кој се гледа дека трансферот на Гризман е договорен во март

Шпанскиот весник „Ел мундо" објави дека раководството на Атлетико Мадрид поседува мејл од кој се гледа дека Барселона преговарала и му доставила договор на Антоан Гризман уште во март.

По долги шпекулации Антоан Гризман потпиша за Барселона на 12. јули откако неговиот агент во канцелариите на Ла Лига ја активираше откупната клаузула од 120 милиони евра.

Но Атлетико веднаш го оспори трансферот, и порача дека „каталонците“ треба да платат 200 милиони, сумата на откупната клаузула која изнесуваше пред 1. јули. Тимот од Мадрид обвини дека преселбата на Французинот на Камп Ноу била договорена уште пред неколку месеци, и Ла Лига сега го истражува целиот случај.

Весникот Ел Мундо денеска објави дека Атлетико не случајно крева галама и всушност поседува мејл од кој се гледа дека преговорите започнале во март, Барселона уште тогаш му понудила договор на напаѓачот. 

Мејлот е испратен од адвокатот Севан Кариан до Антоан Гризман, неговата сестра, која му е и агент, и до неговиот татко. Во мејлот има нацрт договор и детали од условите под кои ќе се реализира трансферот, како и провизиите кои ќе треба да се исплатат на посредниците.

Се говори дека еден од посредниците на крајот извисил, не ја добил ветената сума, па тој му го понудил и продал мејлот на генералниот извршен директор на Атлетико, Мигел Анхел Хил Марин.

„Колчонероси“ се убедени дека ова е доказ дека преговорите започнале уште во март и очекуваат санкција за Барселона.

„Каталонците“ пак сметаат дека ова не е доказ за директна комуникација со оглед на тоа што мејлот не потекнува од канцелариите на Барса, ниту пак од вработен или директор на клубот, па тие не ги прекршиле правилата.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе