Документарна серија од осум епизоди со ексклузвен материја од минатата сезона

Барса сподели необјавени снимки и покажа каков очај владеел во соблекувалната по дебаклот на Енфилд (ВИДЕО)

Шампионот на Шпанија за прв пат сподели необјавени снимки и покажа каков очај владееше во соблекувалната по поразот од 4-0 против Ливерпул и шокантната елиминациај во Лигата на шампионите.

Барселона во соработка со спонзорот Ракутен денеска ја најави документарната серија „Мечдеј“, во која ќе се прикажува ексклузивен материјал од првиот тим на Барселона снимен во сезоната 2018/19.

Серијата ќе им овозможи на гледачите да добијат подобра слика за секојдневниот живот на фудбалерите, фановите ќе имаат можност за прв пат да видат необјавени снимки од моментите на слава и успех, но и моменти на тага и очај кој владееше во соблекувалната по дебаклот на Енфилд и срамната елиминација во Лигата на шампионите.

Серијата се состои од осум епизоди од по 45 минути, и се однесуваат на осум клучни натпревари кои ги одиграа избраниците на Ернесто Валверде минатата сезона. Помеѓу натпреварите кои се во фокусот на серијата се двете пресметки со лутиот ривал Реал Мадрид, како и и најгорчливиот момент во сезоната и поразот на реваншот со Ливерпул.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе