Ла Лига

Барса со среќен гол во завршницата го скрши отпорот на „фенерџијата“ и си замина со три бода од Леганес (ВИДЕО)

„Каталонците" со судни маки стигнаа до триумф на гостувањето кај Леганес, со среќен гол на Видал во завршницата од мечот го победи „фенерџијата" во Примера со 1-2.

Шампионот на Шпанија добро се помачи против последнопласираниот тим на табелата, Леганес. Барселона на полувреме имаше заостанување од 1-0 откако домаќините одлично го отворија мечот и поведоа со прекрасниот гол на Ен Несири, кој убаво пласираше во аголот и не му даде шанса на Тер Штеген да интервенира.

„Каталонците“ изедначија на стартот од вториот дел. Меси нафрли од слободен удар а Суарез со глава реализираше за 1-1.

И вториот гол на Барса падна од прекин. По еден корнер, топката случајно се одби од еден играч на Леганес и заврши кај Видал кој од неколку метри не можеше да погреши. Домаќините бараа офсајд, тоа го сигнализираше и помошникот, но главниот судија убаво виде кој играше со топката, а и ВАР ги расчисти сите дилеми за победа и три бода на гостите.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе