Можеше за беспари да замине

Барса со право слепо му верувала на Меси, напаѓачот не ја активираше клаузулата

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека истекол рокот за активирање на клаузулата со која Лео Меси можел предвреме да стави крај на договорот со Барселона, Аргентинецот останува до 2021 година.

Фановите на Барселона минатата година беа загрижени откако беше објавено дека Лео Меси има клаузула со која може да се ослободи од договорот и беспари да го напушти Камп Ноу.

Клубови како Интер и Манчестер Сити чекаа сигнали да тргнат во офанзива, а Жозеп Мариа Бартомеу смируваше. Првиот човек на Барса објаснуваше дека се работи за доверба, дека напаѓачот го заслужил тоа и откри дека вакви клаузули имало и во договорите на иконите како Чави и Андрес Иниеста.

Очигледно „каталонците“ биле во право кога решиле слепо да му веруваат на Аргентинецот и да му дадат одврзани раце, Лео Меси не ја активираше клаузулата.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, синоќа истекол рокот за активирање на клаузулата, па напаѓачот ќе остане на Камп Ноу до 2021. Се верува дека само прашање на време е кога тој ќе добие нов договор и ќе ја продолжи соработката за уште неколку години.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе