„Каталонците“ ја бараат идеалната формула

Барса со нова понуда за Нејмар, 100 милиони евра плус ПСЖ да си одбере двајца фудбалери

„Каталонците" доставиле нов предлог до ПСЖ за ангажман на Нејмар, Барселона нуди 100 милиони евра а „светците" ќе можат да си одберат и двајца фудбалери.

Нејмар ова лето сака да замине од ПСЖ и негов прв избор е враќање на Камп Ноу. Но зделката е сложена со оглед на тоа дека Барса сака да плати што е можно помалку, а „светците“ сакаат да си ја вратат инвестицијата од 222 милиони евра.

Низ медиумите изминативе денови имаше најразлични шпекулации од тоа дека се понудени 40 милиони евра плус Кутињо и Ракитиќ, до 40 милиони плус Кутињо и Дембеле.

Последната шпекулација на оваа тема доѓа од Скај Германија. Извештајот вели дека Барса на ПСЖ му нуди 100 милиони евра и двајца играчи по желба.

„Светците“ ќе треба да одберат од листа на која има шест имиња а на врвот се наоѓа Филипе Кутињо. Има и уште неколку играчи со помала вредност како Иван Ракитиќ, Нелсон Семедо и Малком.

Скај Германија исто така додава дека дополнителен проблем е тоа што Кутињо и Ракитиќ во овој момент не сакаат преселба во Париз а истото важи и за Осман Дембеле.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе