Ла Лига

Барса со маестрална акција му донесе деби победа на Сетиен (ВИДЕО)

Ерата на Кике Сетиен на кормилото на Барселона започна со победа, „каталонците" вечерва со 1-0 триумфираа над Гранада, Лео Меси беше стрелец на единствениот погодок.

Во последниот натпревар од 20. коло во Ла Лига, Барселона со минимални 1-0 стигна до три бода во пресметката со Гранада. Ерата на Кике Сетиен на кормилото на „каталонците“ започна со триумф благодарејќи на една маестрална акција и ладнокрвен финиш на Лео Меси.

Барса долго се мачеше да го скрши отпорот на гостите, требаше Гранада да остане со играч помалку за мрежата да биде затресена.

Голот падна во 76. минута, се започна од една украдена топка на Рики Пуиг за Меси да проигра со Гризман, Францизинот елегантно да додаде до Видал а Чиланецот со пета да остави за Меси, кој со десна нога по земја биеше працизно крај стативата, голманот на Гранада не мрдна.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе