Лига на шампиони

Барса со комбиниран состав го победи Интер во Милано и го исфрли од Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Интер не успеа да ја победи Барселона иако каталонците играа со значително ослабен тим, нероазурите загубија со 2-1 и ќе се натпреваруваат во Лига Европа во втората полусезона. 

Барселона дома остави неколку свои ѕвезди, а дел беа на клупата на денешниот меч, но тоа не му помогна на Интер да дојде до потребната победа за следната фаза од Лигата на шампионите.
 
Барселона дојде во водство во 23. минута со гол на Перез, пред крајот на првиот дел Лукаку успеа да изедначи на 1-1.
 
Интер во второто полувреме напаѓаше за водство, но претежно тоа беа јалови напади без убави можности за погодок. Неколку имаше Лукаку, но не ги искористи.
 
Казната стигна во 87. минута кога Фати погоди за победа на Барселона и радост на Борусија Дортмунд на која и одговараше да не победи Интер.
 
Милионерите дома ја совладаа Славија Прага со 2-1, си го завршија својот дел од задачата и продолжуваат понатаму.
 
Мало изненадување е елиминацијата на Ајакс кој загуби дома од Валенсија со 1-0 и шпанскиот тим оди понатаму. Родриго беше херојот на лилјаците.
 
Челси со голови на Абрахм и Аспиликуета дојде до триумф од 2-1 против Лил и го завери пласманот во осминафиналето.
 
Лион и Лајпциг одиграа 2-2, Бенфика со 3-0 го победи Зенит. Од оваа група Лајпциг и Лион одат понатаму, а Бенфика со убедливиот триумф се избори за настап во Лига Европа.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе