Барселона е во сериозна финансиска криза поради корнавирусот па управата ги замоли играчите да прифатат намалување на примањата за клубот да не банкротира.
По долги преговори, вечерва пристигна информација дека начелно е постигнат договор со фудбалерите и техничкиот персонал за намалување на платите за оваа сезона во износ од 172 милиони евра.
Се работи за фиксни примања од 122 милиони евра плус бонуси од 50 милиони евра, пари кои ќе бидат дополнително исплатени во следните три години.
Сега останува само уште фудбалерите и техничкиот персонал да го ратификуваат овој договор во следните денови.