„Каталонците“ беа оптимисти по состанокот кој во вторникот се одржа во Париз, директорот на Барса изјави дека имало значаен напредок во преговорите а медиумите шпекулираа дека веќе се прават планови за промоција на Нејмар како ново засилување.
Сепак, ПСЖ продолжува да игра цврсто, Радио Монте Карло пренесе дека е одбиена и последната понуда.
„Светците“ кажале не на 150 милиони евра (сума која треба да се плати на рати), плус трансфер на Иван Ракитиќ и позајмица на Осман Дембеле.
Извештајот вели дека ПСЖ се решил на еден ваков чекор бидејќи нема доволно време да се договори со двајцата играчи (преодниот рок завршува на 2. септември) со оглед на тоа дека ниту Ракитиќ, ниту Дембеле не се нешто посебно заинтересирани за преселба на „Паркот на Принцовите“.
РМЦ објаснува дека единствен начин за Барселона сега да го ангажира Нејмар е да плати 220 милиони евра.