Претседателот на Барса ги откри деталите од зделката

Барса се фали со рекордни приходи а мораше да подигне кредит за да го купи Гризман

Барселона е клубот со најголеми приходи во светот на фудбалот, наскоро треба да ја собори магичната граница од 1 милјарда евра, но и покрај тоа мораше да подигне кредит за да го купи Антоан Гризман.

Антоан Гризман синоќа беше презентиран како ново засилување на Барса. Французинот во петокот стави потпис на петгодишен договор откако неговиот адвокат во канцелариите на Ла Лига пристигна со чек од 120 милиони евра и ја активираше откупната клазула.

Трансферот се очекуваше да се случи на 1. јули но се одложи десетина дена, а медиумите шпекулираа дека причина е тоа што Барселона немала пари да го купи напаѓачот.

Ваквите информации се покажаа како точни, првиот човек на „каталонците“ потврди дека тие морале да подигнат кредит од 35 милиони евра и покрај тоа што се клубот со најголеми приходи во светот на фудбалот (за сезоната 2017/18 имаа рекордни 914 милиони евра).

„Моравме да подигнеме заем од 35 милиони евра кои треба да го вратиме за шест месеци“ – вели Жозеп Мариа Бартомеу. „Останатите 85 милиони евра се пари кои треба да ги добиеме од играчи кои веќе се продадени“.

Атлетико најави тужба и бара 200 милиони евра а не 120 милиони евра, но од таборот на Барселона ги отфрлаат обвинувањата.

„Разговаравме со нив, немаат никакви докази. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, мислам дека не можат да направат ништо, но разбирам дека мораат да ги бранат своите интереси“.

„Не сме преговарале со играчот во март. Почнавме да разговараме за трансфер откако тој во мај изрази желба да замине. Дури и тогаш не разговаравме со Гризман, туку со луѓе од неговиот камп“.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе