Ла Лига

Барса се доближи на -2, новото чудо од дете на „Каталонците“ со деби гол (ВИДЕО)

Барселона со 0-2 славеше на гостувањето кај Осасуна, Лео Меси забележа две асистенции, а Алаба и Илаиш погодија за победа.

Барса се доближи на -2 до Атлетико во пресрет на утрешното големо дерби на Мадрид и ќе се надева дека Реал ќе му откине бодови на градскиот ривал.

„Каталонците“ вечерва со 0-2 триумфираа на гостувањето кај Осасуна. По половина час игра, во една класична акција, Меси испрати топка преку одбраната за Алаба, а левиот бек ја затресе мрежата за 0-1.

Во финишот од мечот, Аргентинецот остави топка за Илаиш Мориба, а 18-годишното момче прекрасно погоди од врвот на шеснасетникот за 0-2. За новото чудо од дете од школата на Барса ова беше деби-погодок во првиот тим.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе