Се бара нов клуб за Бразилецот

Барса сака да го испрати Кутињо на позајмица, но бара помеѓу 25 и 30 милиони евра

Барселона ја најде формулата за разделба со Филипе Кутињо, „каталонците" се подготвени да го испратат фудбалерот на позајмица но за возврат бараат помеѓу 25 и 30 милиони евра.

Во новата сезона тешко ќе има место за Филипе Кутињо на Камп Ноу, па Барселона работи на негово заминување. Според пишувањата на „Радио Каталонија“, раководството на клубот нашло формула со која ќе се отвори вратата за трансфер.

Шампионот на Шпанија е подготвен да го испрати Бразилецот на позајмица, но ќе бара 25-30 милиони евра, сума со која ќе се покрие годишниот трошок, односно амортизацијата на неговиот трансфер од Ливерпул вреден 120+40 милиони евра.

„Радио Каталонија“ не открива кои се можните дестинации на Филипе Кутињо, но тешко е да се замисли дека ќе се најде клуб кој ќе плати ваква сума само за да го добие играчот на една година.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе