Се подобрува финансиската состојба на Камп Ноу

Барса продаде уште 15% од ТВ правата за 315 милиони евра

Барселона утрово официјално потврди дека „Сикст Стрит" купил уште 15% од ТВ правата, детали не беа објавени а медиумите шпекулираат со сумата од 315 милиони евра и капитална добивка од околу 400 милиони евра.

На крајот од јуни, Барселона објави дека „Сикст Стрит“ за почетна инвестиција од 207,5 милиони евра купил 10% од ТВ правата во Ла Лига во следните 25 години, зделката на „каталонците“ ќе им донесе капителна добивка од околу 267 милиони евра.

Клубот од Камп Ноу сега договори нова трансакција, „Сикст Стрит“ купи уште 15% проценти од ТВ правата во Ла Лига. Детали од оваа зделка не беа откриени, но медиумите шпекулираат дека условите се исти како претходната, односно се работи за сума од 315 милиони евра и капителна добивка од околу 400 милиони евра.

Сепак, се верува дека ниту оваа зделка не е доволна за Барселона да може да ги регистрира летните засилувања.

„Каталонците“ сега ќе треба да се разделат со неколку играчи и да отворат простор во сметката за плати, или пак да продолжат да продаваат имот, односно одреден процент од „Барса Студиос“ за да се приберат 100+ милиони евра.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе