Легендата на „каталонците“ издржа само три месеци во новата улога

Барса преспа 48 часа но епилогот остана ист, Виктор Валдес доби отказ

„Каталонците" попладнево соопштија дека Виктор Валдес повеќе не е тренер на У19 тимот, легендата издржа само три месеци и си заминува по серија инциденти и недоразбирања со раководството.

Виктор Валдес изминатово лето се врати на Камп Ноу, голманот доби шанса да биде тренер на Хувенил А тимот на Барселона. Тој имаше свои идеа за тоа како да работи со играчите до 19 години, и со својот стил предизвика серија инциденти, влезе во недоразбирање со радководството па денеска доби отказ.

Барселона доцна во петокот соопшти дека Виктор Валдес нема да биде на кормилото за натпреварот кој беше на програмата изминатиов викенд, медиумите пишуваа за прекин на соработката, но лидерите решија да преспијат 48 часа.

И покрај тоа епилогот остана ист, попладнево пристигна известување дека легендата заминува по само три месеци.

Чашата ја прели последниот инцидент, и расправијата на Виктор Валдес со првиот човек на популарната „Ла Масиа“, Патрик Клајверт.

Шпанецот дрско одговорил дека неговиот тим ќе игра како што тој сака кога му било кажано дека мора да се применува традиционалната 4-3-3 формација, наместо формацијата 4-4-2 која ја наметнувал Виктор Валдес. Паднале навреди и пцовки, а за малку била избегната и физичка пресметка.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе