Лига на шампиони

Барса понижена од Бaерн со ОСУМ гола, историски пораз за „каталонците“! (ВИДЕО)

Баерн Минхен ја понижи Барселона, избраниците на Ханси Флик славеа со убедливи 2-8 и се пласираа во полуфиналето, за „каталонците" ова е најтешкиот пораз во Лигата на шампиони.

Барселона оваа сезона играше под очекувањата, јасно беше дека требаат големи промени, а ако некој не мислеше така, сигурно ќе се предомисли по вечерашниот дуел со Баерн Минхен.

Шампионот на Германија ги понижи „каталонците“, им даде по четири гола во двете полувремиња и славеше со убедливи 2-8

Резултатот беше отворен во 4. минута, Милер донесе водство од 0-1. Барса брзо се врати во игра, Алаба ја затресе сопствената мрежа за 1-1 по 7. минути игра. Но потоа следеа три гола за десетина минути игра. Перишиќ, Гнабри и Милер по втор пат, донесоа 1-4 по половина час игра, резултат со кој се замина на пауза.

Луис Суарез во 57. минута намали на 2-4 и ја врати малку надежта, но Баерн не се опушти и го дотолчи противникот.

Кимих реализираше за 2-5, а во 82. минута од мечот и Левандовски се запиша во листата на стрелци. Во финишот од мечот, Филипе Кутињо два пати го матираше Тер Штеген за конечни 2-8 и на Барса и го нанесе најтешкиот порас во Лигата на шампиони.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе