Има само 16 години

Барса остана без најголемиот талент во школата, малку му била платата од 200.000 евра

Барселона загуби перспективен играч од „Ла Масиа", клубот го напушта 16 годишниот Чави Симонс откако „каталонците" не се договорија со Мино Рајола за висината на платата.

Чави Симонс важеше аз еден од најголемите таленти во школата на Барселона и му се предвидува голема иднина. Но тој сепак нема да блесне на Камп Ноу откако денеска соопшти дека заминува.

„Каталонците“ му понудија нов договор на младиот Холанѓанец, но Мино Рајола побара повеќе пари, па контроверзниот агент сега ќе го однесе фудбалерот во ПСЖ.

Како што пренесува Мундо Депортиво, Барселона на Чави Симонс му понудила плата од 200.000 евра годишно. Бил изготвен и план како ќе се развива неговата кариера а му бил ветен и бонус доколку игра мечеви за вториот тим односно Барса Б.

Сепак, Мино Рајола сметал дека тоа е премалку и покрај тоа што Чави Симонс има само 16 години и допрва треба да стане професионалец.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе