Примера

Барса никако да му даде гол на Димитриевски, Македонецот повторно ги фрустрираше „каталонците“ (ВИДЕО)

Столе Димитриевски на трет меч во низа ја сочува мрежата против Барселона и помогна Рајо да стигне до 0-0 и бод на гостувањето на Камп Ноу.

Избраниците на Чави делуваа разиграно на подготовките, но Столе Димитриевски уште еднаш ги фрустрираше „каталонците“.

Откако на претходните два натпревари помеѓу Рајо и Барселона не прими гол, Македонецот и вечерва не дозволи неговата мрежа да биде затресена.

А и кога голманот беше совладан, дефанзивците расчитуваа, па Барса мораше да се помири со бод. Домаќините на крајот можеа да останат и со празни раце, но Тер Штеген фантастично реагираше, а потоа и голот на Фалкао беше поништен поради офасајд.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе