На вработените во клубот им доцнела јунската плата

Барса нема пари да го купи Гризман, бара помош од банките?!

Според пишувањата на АС и Марка, Барселона нема доволно пари за да ја активира откупната клаузула на Антоан Гризман, „каталонците" бараат помош од банките за реализирање на трансферот.

Антоан Гризман треба да се пресели на Камп Ноу, шпекулациите велеа дека Барселона ќе го купи Французинот на стартот од оваа недела или најдоцна до среда, но и денеска нема никаков абер.

Атлетико Мадрид одбива да преговара, или поточно да прифати исплатата на сумата од 120 милиони евра да биде извршена на неколку рати, па „каталонците“ ќе мора да ја активираат откупната клаузула.

Чекот од 120 милиони евра се уште не е пристигнат во канцелариите на Ла Лига, па има најразлично приказни за одложувањето. Една теорија е дека Барса во моментов нема доволно пари на сметка за да искешира 120 милиони евра.

Марка и АС пренесуваат дека лидерите на Барселона се во контакт со банки за да обезбедат средства и гаранции. АС вели дека проблемот со кеш на Камп Ноу е до тој степен што платата на вработените за месец јуни доцнела три дена.

Спорт пак пишува дека застојот се должи на тоа што Барса бара идеална формула за начинот на кој да се реализира трансферот и пристапува претпазливо бидејќи се работи за скапа зделка.

Весникот вели дека идејата е самиот Антоан Гризман да ја плати сумата од 120 милиони евра и да си ја купи слободата, а потоа Барселона да го компензира. Па сега се пеглаат сите детали за ниту играчот ниту клубот да не си направат проблем со даночните власти и да не бидат изложени на дополнителни трошоци.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе