„Каталонците“ си купиле мир

Барса на Атлетико му платила 15 милиони евра за спорните мејлови со Гризман да не се појават во јавност?!

Барселона и Атлетико нашле решение за „случајот Гризман", „каталонците" на „колчонероси" им платиле 15 милиони евра за спорните мејлови кои покажуваат дека со договориле со Антоан Гризман уште во март да не се појават во јавност.

Барса го ангажираше Французинот на почетокот од јули со активирање на откупната клаузула вредна 120 милиони евра. Сепак, Атлетико се побуни и побара додатни 80 милиони евра, „колчонероси“ тврдеа дека имаат докази кои покажуваат дека „каталонците“ се договориле со Антоан Гризман уште во март месец, кога откупната клаузула на напаѓачот изнесувала 200 милиони евра.

Ел Мундо доцна синоќа објави дека Барса на Атлетико му платила 15 милиони евра за да си купи мир за „случајот Гризман“.

Весникот објасни дека договорот официјално се води како прва опција за „каталонците“ за пет играчи на Атлетико, односно тројца од школата и две ѕвезди од првиот тим во името на Саул и Хименез, но всушност оваа исплата е за да се спречи клубот од Ванда Метрополитано да ги објави мејловите кои покажуваат дека Барса се договорила со Антоан Гризман уште во март месец.

За Барса да може да ангажира некои од овие фудбалери, најпрво тие ќе треба да изразат желба да заминат, Атлетико ќе треба да прифати продажба и да пристигне задоволувачка понуда од друг клуб, по која „каталонците“ ќе добијат разумен рок да ја изедначат.

Ваквите написи сега ги прокоментира првиот човек на Атлетико Мадрид, кој потврди дека има договор со Барселона, но наводно тој нема никаква врска со контроверзниот трансфер на Французинот.

„Сагата наречена Антоан Гризман заврши со смешната казна од 300 евра која ја изрече Фудбалската федерација на Шпанија“ – вели Енрике Серезо во разговор со Радио Марка.

„Нема да зборувам за пари и конкретни суми, но договорот кој го има Атлетико со Барса нема никаква врска со Гризман“.

„Слични договори имаме и со многу други клубови од Шпанија“.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе