Топката сега е кај Бразилецот

Барса му порачала на Нејмар прв да повлече потег и кои услови треба да ги исполни за да се врати на Камп Ноу

Шампионот на Шпанија и Нејмар разговарале за трансфер, лидерите на Барса им дале детални инструкции на луѓето кои се грижат за иднината на Бразилецот што треба да направат за игачот одново да го облече дресот на „Каталонците".

Според пишувањата на поралот „Гол“, Барса е во контакт со кампот на Нејмар за да го започнат процесот за враќање на Бразилецот на Камп Ноу. Напаѓачот не е среќен во Париз и сака да замине од ПСЖ што поскоро.

Луѓето кои се грижат за кариерата на Нејмар разговарале со директорите на Барса, кои им дале детални иструкции што треба да се случи за зделката која до пред неколку месеци изгледаше невозможна сега да стане реалност.

Шампионот на Шпанија инсистира Нејмар да го направи првиот чекор. Лидерите на Барса се свесни дека голем дел од навивачите се разочарани од начинот на кој Бразилецот замина, па како гест на добра волја, играчот ќе треба да изрази жалење за начинот на кој се разделил со „Каталонците“.

Исто така, Нејмар ќе треба да прифати и намалување на платата. Тој во ПСЖ има примања од околу 37 милиони евра годишно, сума која Барса не може да си ја дозволи бидејќи веќе има преголема сметка за плати. Според „Гол“, Нејмар е подготвен да заработува помалку за одново да го облече дресот на Барселона.

Двете страни потоа ќе трбеа да ги закопаат секирите и да најдат решение за тужбите кои си ги поднесоа. Нејмар на суд го бара бонусот од 26 милиони евра што требал да го добие неговиот татко за новиот договор кој тој го потпиша во декември 2016, додека пак Барса го тужи играчот за оштета од 8,5 милиони евра поради прекршување на договорот, враќање на бонусот за новиот договор кој веќе му бил исплатен, како и 10% од оваа сума на име на камата.

Последен услов е Нејмар јавно да каже дека не е среќен во Париз и дека сака да ја промени средината. На овој начин Бразилецот ќе изврши притисок врз „Светците“ и ќе ја ослабне нивната позиција во преговорите со Барселона.

Шампионот на Франција за Нејмар плати 222 милиони евра, и сигурно ќе бара слична сума за да се раздели со фудбалерот. Барселона е подготвена да вметне некој играч во зделката за дополнително да ги намали барањата. „Гол“ шпекулира со имињата на Осман Дембеле и Иван Ракитиќ, кој во последните денови од летниот период се поврзуваше со богат трансфер на „Паркот на принцовите“.

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе