Ќе има жешко лето на Камп Ноу

Барса му даде клоца на Сетиен и најави голема реконструкција на првиот тим!

Барселона вечерва соопшти дека Кике Сетиен е разрешен од функцијата тренер, стратегот издржа само седум месеци и покрај тоа што доби договор до 2022 година.

На Кике Сетиен му се закануваше отказ уште кога „каталонците“ ја загубија битката со Реал Мадрид за титулата во Ла Лига, а на сите им беше јасно дека тој ќе добие клоца по историскиот пораз од Баерн Минхен и срамните 8-2 во Лигата на шампиони.

Вечерва пристигна и официјална потврда, Барселона соопшти дека Кике Сетиен е разрешен од функцијата тренер. Клубот од Камп Ноу порача дека ова е само првата промена од големата реконструкција што ќе следи, и во следните денови ќе биде именуван новиот тренер со кого во консултации ќе се прави ремонт на првиот тим.

Голем број на извори пренесуваат дека Роналд Куман ќе седне на жешкото солче и се пеглаат последните детали со Холанѓанецот.

Во меѓувреме, исто така беше соопштено дека изборите за нов претседател ќе се одржат во март 2021 година. Се веруваше дека ќе има смена на раководството уште ова лето, но Жозеп Мариа Бартомеу ќе остане на чело на клубот и во новата сезона.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе