Камп Ноу со месеци се најавуваше како идна дестинација на дефанзивецот

Барса може да извиси за Де Лихт, Манчестер јунајтед го примамува Холанѓанецот со астрономска плата

Манчестер јунајтед му го свртел умот на Матајс де Лихт со понуда за плата од 14 милиони евра, па талентираниот дефанзивец би можел да заврши на Олд Трафорд а не во Барселона.

Каталонците“ со месеци се посочуваа како следната дестинација на капитенот на Ајакс, но работите се променија. Како што пишуваат Спорт и Мундо Депортиво, лидерите на Барселона не се толку убедени во пристигнувањето на Матајс де Лихт.

Весниците блиски до Барса велат дека клубот од Камп Ноу и Холанѓанецот во април начелно постигнале договор за платата на фудбалерот.

Но во меѓувреме до Де Лихт стигнале уште неколку интересни понуди, кои се прилично примамливи на економски план. Се говори дека Баерн, Јувентус и Манчестер јунајтед се подготвени на дефанзивецот да му дадат поголема плата од онаа за која тој и дал збор на Барселона. 

Особено боли глава од предлогот на „ѓаволите“ кои на 19 годишниот Де Лихт му нудат 14 милиони евра по сезона. Па Мино Рајола побарал од Барса да достави нова побогата понуда и да го изедначи она што Манчестер јунајтед го нуди. 

Шампионот на Шпанија нема намера да го стори тоа, еден ваков потег ќе ја наруши структурата на плати и ќе предизвика револот кај останатите кога тие ќе слушнат колкава плата има тинејџерот. Исто така, буџетот е прилично ограничен поради големите примања на ѕвездите. 

Барса сепак не се откажува и се надева дека Де Лихт ќе се вразуми и ќе одбере добар спортски проект наместо добри финансии. Но со оглед на тоа дека Мино Рајола го интересираат само парите, „каталонците“ ризикуваат да останат без талентираниот дефанзивец.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе