Не му се пишува добро

Барса може да го казни Дембеле и со милион евра за новата глупост

Доколку се потврди дека фудбалерот ја криел својата потенцијална повреда и не се појавил веднаш на медицински тестови, тоа се смета за многу сериозен прекршок.

Осман Дембеле може да добие казна доколку Барса открие дека тој ја криел неговата повреда од медицинскиот тим минатиот викенд и не отишол на тестови следниот ден. Наместо да го направи тоа, фудбалерот сакал да помине неколку дена со својата фамилија.
 
Ваквата негова постапка се смета за многу сериозен прекршок според сите клупски правила, но и правилата на Шпанската фудбалска федерација.
 
Казната може да биде различна, но е голема. 
 
Дембеле може да добие суспензија од 11 до 30 дена кои нема да му бидат платени. Минималната парична казна е 360.000 евра, но може да достигне и до еден милион евра.
 
 
 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе