Заседава бордот на директори

Барса ќе треба да плати „дебела“ оштета доколку му врачи отказ на Куман, стратегот доби ултиматум

Бордот на директори на Барселона има средба, се говори дека дел од директорите бараат Роналд Куман да добие отказ, додека пак дел преферираат на стратегот да му биде дадена уште една шанса.

Поразот од Баерн Минхен во Лигата на шампиони сериозно го разниша столчето на Роналд Куман. Бордот на директори на Барселона има средба на која се дискутира за иднината на стратегот.

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека дел од директорите бараат Холанѓанецот веднаш да добие отказ и покрај тоа што ваквиот потег ќе чини 12 милиони евра.

Дел од директорите пак преферираат Роналд Куман да добие уште еднаш шанса и да го подобри впечатокот на следните неколку натпревари.

Се верува дека Жоан Лапорта ќе бара веднаш да се подобри имиџот на тимот, не е загрижен од поразот од Баерн, туку од начинот на кој Барселона изгубила.

Роналд Куман сега ќе треба против Гранада, Кадиз, Леванте и Бенфика да донесе посакани резултати, но и убава игра за око. Сепак, стратегот може да добие отказ многу порано, доколку раозчара уште на првиот или првите два натпревари.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе