Ла Лига

Барса ја прокоцка шансата за прво место, Гранада ги шокираше „каталонците“ (ВИДЕО)

Гранада и ги помати сметките на Барселона во трката за титулата, избраниците на Диего Мартинез со пресврт во второто полувреме стигнаа до триумф од 1-2 на Камп Ноу.

Барса испушти шанса да скокне на врвот, „каталонците“ имаа прилика со триумф над Гранада да се стават во пол позиција во трката за титулата, но неочекувано киксираа и загубија.

Лео Меси погоди во 23. минута по едно двојно проигрување со Гризман, но гостите ги шокираа „каталонците“ во продолжението од мечот.

Најпрво Мачис погоди за 1-1 во 63. минута, за Молина во 79. минута да го матира Тер Штеген со глава за 1-2 и големо изненадување.

По овој пораз, Барселона остана на 71 бод, колку што има и Реал Мадрид. Атлетико Мадрид остана лидер со 73 бода а Севиља ја чека својата шанса во позадина со 70 бода.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе