Виси иднината на Бразилецот на Камп Ноу

Барса има причина плус за продажба на Кутињо, „каталонците“ ќе заштедат дури 25 милиони евра!

Медиумите се погласно говорат за заминување на Филипе Кутињо од Барселона, Бразилецот не ги прикажува очекуваните игри а шампионот од Шпанија има и финансиски мотив за разделка по кајот на сезоната.

Бразилецот во јануари 2018 стана најскапиот трансфер во историјата на „каталонците" откако пристигна на Камп Ноу за 160 милиони евра (120 милиони плус 40 милиони во бонуси).

Филипе Кутињо беше сосема солиден во првите шест месеци од авантурата во Барселона, но оваа сезона наместо да напредува, тој назадуваше па често е критикуван за бледите партиите кои ги прикажува.

Во вторникот на Енфилд имаше уште едно разочарувачко издание, па по срамната елиминација од Лигата на шампионите се погласно се говори за негово заминување.

Шампионот на Шпанија има и причина плус за  да се раздели со Филипе Кутињо ова лето бидејќи на тој начин ќе заштеди 25 милиони евра.

Кога Барса и Ливерпул ја правеле структурата за исплата на бонусите, било договорено „црвените“ да добијат 5 милиони евра за пласман во Лигата на шампионите во неговата прва година, и 5 милиони евра за пласман во ЛШ во втората година, бонуси кои веќе се остварени.

Исплатен е и бонусот според кој Ливерпул ќе добие 5 милиони евра по првите 25 настапи на Филипе Кутињо.

Клубот од Енфилд исто така треба да добие и 20 милиони евра откако Филипе Кутињо ќе забележи 100 натпревари во дресот на Барселона. Тогаш веројатно ова изгледало како реално достигнување, но сега работите се поинакви. Бразилецот до крајот на сезоната не може да има повеќе од 77 настапи, па доколку летоска замина, овој бонус нема да биде исплатен.

Нема да бидат исплатени ниту 5-те милиони евра кои се ветени за триумф во Лигата на шампионите, па трансферот на Филипе Кутињо ќе чини 135 милиони евра а не 160 милиони.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе