Ла Лига

Барса и Севиља ги поделија бодовите со два гола за 100 секунди (ВИДЕО)

Барселона одигра само 1-1 против Севиља во првиот сериозен тест за Роналд Куман, гостите поведоа преку Де Јонг, домаќините брзо одговорија преку Кутињо.

Во последниот натпревар од 5-то коло во Ла Лига, Барселона и Севиља ги поделија бодовите на Камп Ноу. Во првиот сериозен тест за Роналд Куман, „каталонците“ одиграа само 1-1 против „андалузијците“.

Резултатот го отвори Де Јонг во 7. минута, напаѓачот најдобро се снајде по една нафрлена топка и погоди за 0-1.

100 секунди подоцна одговори Барса. Во обидот да пресече едно додавање на Меси за Алба, Навас перфектно спушти за Кутињо, кој без проблеми ја затресе мрежата за 1-1.

Во продолжението од мечот, двете екипи имаа шанси да ги однесат трите бода, но не падна нов гол.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе