Длабоко ќе треба да бркнат во џебот

Барса и Реал ги дознаа личните услови на Нејмар, Бразилецот бара договор на пет години и плата од 35 милиони евра

Следниот клуб на Нејмар ќе треба да одвои неколку стотици милиони евра за да ги задоволи личните барања на Бразилецот, напаѓачот сака договор на пет години и плата од 35 милиони евра нето по сезона.

Изминатиов период имаше најразлични гласини за тоа што ПСЖ бара за да се раздели со Нејмар и што нудат Барса, Реал Мадрид па и Јувентус.

Емисијата „Хугонес“ сега пренесува за лучните услови на Бразилецот кои ќе треба да бидат исполнети од клубот кој ќе се договори со „светците“.

Напаѓачот бара петгодишен договор и 35 милиони евра нето по сезона. За Реал и Барселона, оваа бројка значи 70 милиони евра бруто (уште 35 милиони евра даноци), односно 350 милиони евра за целиот договор.

Во Италија од неодамна има измени во законите и поовластени даночни стапки, па трошкот на Јувентус нема да биде толку голем.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе