Аргентинецот добил одговор на барањето да си оди беспари

Барса и Меси во војна, „каталонците“ го известиле Лео дека нема правна основа за раскин на договорот!

Според пишувањата на Спорт, од таборот на Барселона му одговориле на Лео Меси дека нема правна основа да го раскине договорот еднострано, „каталонците" исто така му порачале дека тој не е на продажба.

Лео Меси со итен допис ја известил Барселона дека сака да го напушти клубот ова лето, и не само тоа, напаѓачот побарал едностран раскин на договорот и активирање на клаузулата која му овозможува да замине за беспари.

Според пишувањата на Спорт, од таборот на Барса веднаш одговориле и го известиле фудбалерот дека нема правна основа еднострано да го раскине договорот бидејќи клаузулата е истечена.

Лео Меси и неговите соработници сметаат дека клаузулата може да се активира на крајот од сезоната, односно една недела по крајот на Лигата на шампиони, а со оглед на тоа дека оваа сезона заврши во август, клаузулата се уште е активна.

Спорт додава дека во овој момент,  „каталонците“ немаат намера да разгледуваат понуди за Лео Меси, тој не е на продажба и важечка е откупната клаузула од 700 милиони евра. Сепак и самите се свесни дека тешко ќе можат да задржат фудбалер кој не сака да биде дел од проектот.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе