Проблем им прават правилата за финансиски фер-плеј

Барса и да сака не може да го избрка Куман, нема пари за нов тренер?!

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека финансиите се една од причините зошто Роналд Куман се уште е на кормилото на Барса, „каталонците" нема да можат да го регистрираат новиот тренер поради правилата за фер-плеј.

Изминативе денови имаше многу гласини за иднината на Роналд Куман, по тешкиот пораз од Баерн Минхен во Лигата на шампиони, следуваа киксови против Гранада и Кадиз. Се пишуваше дека Холанѓанецот ќе добие отказ, но Жоан Лапорта не се реши на еден ваков чекор.

Барселона синоќа со 3-0 го совлада Леванте, па притисокот малку се намали. Последните информации велат дека Роналд Куман се уште е тренер поради финансиската ситуација на Камп Ноу, Барса нема пари да го избрка стратегот.

„Каталонците“ го надминуваат лимитот за плати поставен од Ла Лига, буџетот важи и за фудбалерите и тренерите, па наследникот на Роналд Куман нема да може да биде регистриран.

Барселона или ќе треба да ги зголеми приходи или пак да ја намали сметката за плати, и доколку ова не се случи, ќе биде многу тешко да се ангажира нов тренер.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе