Ла Лига

Барса и Атлетико одиграа по мерак на Реал, Дембеле промаши зицер за победа (ВИДЕО)

Барселона и Атлетико Мадрид одиграа 0-0, резултат кој најмногу му одговара на Реал Мадрид, Осман Дембеле во финишот имаше зицер но со глава од добра позиција биеше само над голот.

Реал Мадрид доби шанса да се врати на првото место откако Барселона и Атлетико Мадрид одиграа натпревар без погодоци. Гостите беа подобар противник во првиот дел, имаа неколку шанси, но Тер Штеген не дозволуваше да биде совладан.

Домаќините тешко создаваа прилики за гол, но во финишот од мечот креираа добра шанса, Дембеле можеше да се прослави, но како и многу пати во минатото, промаши зицер и со глава од добра позиција шутираше над голот.

Лео Меси во последните мигови се закани од слободен удар, но неговиот обид заврши крај голот.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе