Суперкуп на Шпанија

Барса го загуби трофејот од Суперкупот, Меси ги загуби нервите и поцрвене за прв пат по 753 натпревари (ВИДЕО)

Атлетик Билбао славеше во финалето на Суперкупот на Шпанија, „баскијците" се спасија во последните минути и потоа на продолженија ја добија Барселона со 2-3.

Роналд Куман ќе почека на првиот трофеј како тренер на Барселона, моменти ги делеа „каталонците“ од славје, но на крајот останаа со празни раце.

Во финалето на Суперкупот на Шпанија, Барселона два пати водеше со головите на Гризман, но Атлетик Билбао се спаси во последните мигови, Виљалибре погоди за 2-2 во 90. минута и го однесе натпреварот во продолженија, a таму, Ињаки Вилијам прекрасно погоди од работ на шеснаесетникот за 2-3.

Во последните секунди, Лео Меси ги загуби нервите и го заработи првиот црвен картон во дресот на Барселона па по 753 натпревари за прв пат беше исклучен.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе