17 годишното момче доби и нов број

Барса го промовираше Ансу Фати во првотимец, откупната клаузула му скокна на неверојатни 400 милиони

17 годишниот Ансу Фати од денес и официјално е член на првиот тим на Барселона, па неговата откупна клаузула во иднина ќе изнесува 400 милиони евра.

Тинејџерот важи за најголемиот талент во школата на Барселона, па во декември минатата година доби нов договор со откупна клаузула од 170 милиони евра. Неколку клубови изминативе месеци се распрашуваа за Ансу Фати, но играчот од денеска е недостижен.

Напаѓачот официјално беше промовиран во член на првиот тим на „каталонците“ па неговата откупна клаузула скокна на неверојатни 400 милиони евра, сума која нема шанси да биде платена.

Ансу Фати доби и нов број, во иднина ќе ја носи 22-та, а за новата етапа во кариерата, на социјалните мрежи напиша: „Среќен сум што станав дел од првиот тим. Се надевам дека ќе имам многу убави моменти со бројот 22“.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе