Му требале само пет минути да каже ДА

Барса го претстави Сетиен: Ова не е реално, синоќа шетав покрај крави во моето село a денес го тренирам Меси!

Барселона попладнево го претстави Кике Сетиен за нов тренер, стратегот вели дека ниту во најлудите соништа не замислувал дека ќе седне на кормилото на „каталонците" и открива дека му требале пет минути да каже ДА.

Шампионот на Шпанија синоќа се раздели со Ернесто Валверде, првичната идеја беше Чави да седне на тренерското столче но откако легендата ја одби понудата, изборот падна на Кике Сетиен.

61 годишниот стратег утрово стави потпис на две ипол годишен договор и попладнево беше промовиран пред медиумите.

„Најпрво сакам да се заблагодарам на оваа институција, на претседателот, на Ерик Адабил и Рамон Планес за шансата која ми ја укажаа“ - рече Кике Сетиен.

„Ниту во најлудите соништа не замислував дека ќе бидам тренер на Барса. Синоќа се шетав крај крави во моето село, денес ги тренирам најдобрите фудбалери во светот. Не се двоумев кога го добив повикот, ми требаа пет минути да кажам ДА. Јас сум прилично емоционален човек и денешниов ден е сензационален за мене. Полн сум со енергија и мотивација и ќе се обидам да им го пренесам ова на играчите“.

За тоа што може да очекуваат фановите од него, Кике Сетиен вели: „До победи се стигнува со убава игра. Најдобар начин да се освојат трите бода е да се игра убав фудбал. Уживав кога ја гледав Барса на телевизија, стилот ќе остане ист но со одредени мои финеси. Во составот има многу талентирани играчи, ќе се обидам да го извадам најдоброто од сите“.

Тој имаше неколку зборови и за неговиот претходник: „Ја ценам неговата работа, ми ја остави Барселона на првото место на табелата, па сакам да му се заблагодарам на Валверде. Многу од неговата работа ќе ни користи во иднина“.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе