Клубот ги соопшти деталите од договорот

Барса го потврди заминувањето на Артур, сумата ги надмина сите очекувања

Барселона соопшти дека постигнала договор со Јувентус за трансферот на Артур Мело, тој ќе се пресели во Италија по крајот на сезоната. 

Некои шпекулации велеа дека Артур во Барселона ќе оди за 60 милиони евра, други за 70 милиони евра, но ни едните, ни другите не беа во право. Сумата е дури 82 милиони евра, 72 милиони плус десет во бонуси.
 
„ФК Барселона и Јувентус постигнаа договор за трансфер на фудбалерот Артур Мело. Италијанскиот клуб ќе плати 72 милиони евра, плус 10 милиони евра. Играчот ќе остане во Барселона до крајот на официјалните натпреварувања од оваа сезона“, стои во соопштението на Барселона.
 
Наскоро треба да биде потврден и трансферот на Пјаниќ. Се верува дека Барса и Јуве ги билдаат цените на двајцата фудбалери и за придобивки во финансискиот фер плеј.

На 2 Август 2021 година ќе се одбележат два значајни настана од историјата на македонскиот народ.

повеќе

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе