Пристигна официјална потврда, Барселона попладнево соопшти дека начелно е постигнат договор за трансфер на Роберт Левандовски.
Напаѓачот сега треба да ги помине редовните лекарски прегледи и да стави потпис на договорот.
Агентот Пини Захави откри како паднал дил: „Алемани, Салихамиџиќ и јас синоќа цел ден бевме на телефон, разговаравме до полноќ и најдовме договор кој им одговара на сите страни, сите се победници“.
„Сакам да му се заблагодарам на Баерн како клуб и на Кан и Салихамиџиќ за тоа што на крајот разбраа дека сонот на Роберт е нов предизвик и преселба во друг клуб“.
„Роберт го доби тоа што го сакаше, нов предизвик по долги години и одлични сезони во Минхен. Баерн ќе добие добра финансиска компензација“.