Пристигна официјална потврда

Барса го потврди трансферот на Левандовски, агентот откри како ја договориле зделката

Барселона потврди дека начелно е договорен трансфер на Роберт Левандовски, Полјакот сега треба да ги помине редовните лекарски прегледи и да стави потпис на договорот.

Пристигна официјална потврда, Барселона попладнево соопшти дека начелно е постигнат договор за трансфер на Роберт Левандовски.

Напаѓачот сега треба да ги помине редовните лекарски прегледи и да стави потпис на договорот.

Агентот Пини Захави откри како паднал дил: „Алемани, Салихамиџиќ и јас синоќа цел ден бевме на телефон, разговаравме до полноќ и најдовме договор кој им одговара на сите страни, сите се победници“.

„Сакам да му се заблагодарам на Баерн како клуб и на Кан и Салихамиџиќ за тоа што на крајот разбраа дека сонот на Роберт е нов предизвик и преселба во друг клуб“.

„Роберт го доби тоа што го сакаше, нов предизвик по долги години и одлични сезони во Минхен. Баерн ќе добие добра финансиска компензација“.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе