Големи инвестиции за клуб кој немаше пари

Барса го потврди и Кунде, еве колку милиони потрошија „каталонците“ ова лето

Барселона попладнево соопшти дека постигнале согласност со Севиља за трансфер на Жил Кунде, дефанзивецот сега треба да ги помине редовните лекарски прегледи и да стави потпис на договорот.

Повеќе нема дилеми, Жил Кунде ќе биде ново засилување за Чави ова лето, попладнево пристигна официјална потврда.

Барселона соопшти дека е постигната согласност со Севиља за трансфер на дефанзивецот, сега Французинот треба да ги помине редовните лекарски прегледи и да стави потпис на договорот.

Детали од зделката не беа откриени, како што пишуваат медиумите, „каталонците“ ќе платат 50 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.

Со овој трансфер, Барселона на нови играчи ова лето потроши околу 153 милиони евра, плус додатни 24 милиони евра во бонуси односно 58+9 за Рафиња, 45+5 за Роберт Левандовски и 50+10 за Жил Кунде.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе