Хрватот и Бразилецот привлекуваат голем интерес

Барса ги продава Ракитиќ и Кутињо, планира да прибере 150 милиони евра

Барселона ги ставила на продажба Иван Ракитиќ и Филипе Кутињо, Спорт пренесе дека цената на Хрватот е 50 милиони евра, а на Бразилецот 100 милиони евра.

„Каталонците“ планираат ова лето да се разделат со неколку фудбалери за да го наполнат буџетот и клубот да се доведе во подобра финансиска кондиција. Според пишувањата на Спорт, на продажба се ставени и две звучни имиња како Иван Ракитиќ и Филипе Кутињо.

Каталонскиот весник вели дека лидерите на Барса се решиле на еден ваков чекор бидејќи Хрватот и Бразилецот се играчи за кои има голем интерес ширум Европа и можат да донесат големи суми.

Иван Ракитиќ се проценува на околу 50 милиони евра, додека пак Филипе Кутињо двојно повеќе односно 100 милиони евра. Во моментов сепак нема конкретни понуди ниту за едниот ниту пак за другиот.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе