Мора да падне договор до четврток

Барса ги моли играчите да се откажат од 190 милиони евра за клубот да не банкротира!

Според пишувањата на РАЦ1, играчите на Барселона до следниот четврток треба да прифатат намалување на платите од 30% или во спротивно клубот може да банкротира на почетокот од следната година.

„Каталонците“ се во сериозна финансиска криза поради коронавирусот. Намалениот број на туристи во градот значително ги намали приходите од фан-шоповите и музејот, стадионот е затворен за публика па клубот остана без стотици милиони од продажба на билети и други производи и услуги за време на натпреварите.

Сметката за плати е прилично висока, па Барселона ги моли играчите да прифатат намалување на примањата. Според пишувањата на РАЦ 1, синоќа стартувале преговорите, адвокатите на клубот се сретнале со адвокатите на играчите.

Барселона бара фудбалерите да се откажат од 30% од својата плата или од околу 190 милиони евра и тоа да го сторат до следниот четврток. Доколку не падне договор, Барселона може да банкротира во јануари.

Најзагрижувачка е ситуацијата на Лео Меси, Аргентинецот не само што има далеку најголема плата, доколку реши да не го обнови договорот, ќе треба да добие бонус на крајот од сезоната.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе