Ла Лига

Барса гази како во старите добри времиња, вечерва настрада Реал Сосиедад со 6-1 (ВИДЕО)

Барселона потврди дека е во одлична форма откако на незгодното гостување кај Реал Сосиедад славеше со убедливи 1-6, Меси и Дест постигнаа по два гола, Гризман и Дембеле по еден.

Во последниот натпревар од 28. коло во Ла Лига, Барселона со одлична партија и три бода си замина од „Сан Себастијан“. За прв пат по 21 година, „каталонците“ постигнаа шест погодока против Реал Сосиедад.

Гризман го отвори резултатот во 37. минута откако Дембеле промаши зицер а тој прв стигна до одбиената топка. Пред крајот на првиот дел, Дест на асистенција на Меси го постигна својот гол првенец во Ла Лига.

На стартот од вториот дел, Дест по втор пат се запиша во листата на стрелци за три минути подоцна Меси да добие топка во фор и рутински да го матира Ремиро за 0-4.

Дембеле во 71. минута зголеми на 0-5, за Баренечеа да постигне почесен гол за Реал Сосиедад во 77. минута.

Лео Меси стави точка на натпреварот во 89. минута, Барса одигра една „тика-така“ акција а Аргентинецот прецизно реализираше на поблиската статива за конечни 1-6.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе