Лига на шампиони

Барса едвај против десеткуваниот Динамо, Челси, Дортмунд и Јувентус сигурни, луд пресврт на Севиља (ВИДЕО)

Барселона со многу мака го совлада Динамо Киев со 2-1, гостите иако имаа голем број на отсуства поради повреди и ковид-19 се прикажаа во одлично светло и можеа да го изненадат фаворитот.

Се комплетираше третото коло од Лигата на шампионите, Барса едјва против десеткуваниот Динамо, Челси, Дортмунд и Јувентус беа сигурни, Севиља имаше луд пресврт со играч помалку а РБ Лајпциг ја доби присметката со ПСЖ.

На Камп Ноу, Барселона стигна до триумф од 2-1. Лео Меси од пенал донесе водство а Пике со глава зголеми на 2-0. Циганков во 75. минута намали на 2-1 за интересна завршница. Гостите можеа да го изненадат фаворитот но Тер Штеген со неколку одлични интервенции ја сочува мрежата при резултат 1-0.

Челси со 3-0 го совлада Рен, Вернер два пати погоди од пенал во првиот дел, Абрахам на стартот од второто полувреме ги реши сите дилеми.

Со ист резултат славеше и Борусија Дортмунд на гостувањето кај Клуб Бриж. Азар го отвори резултатот а Халанд со два гола ги осигура трите бода.

Јувентус рутински на гостувањето кај Ференцварош славеше со 1-4. Мората го отвори резултатот а истиот играч зголеми на 0-2 по еден час игра. Во финишот, дефанзивците со лоши додавања до голманот му подарија два гола на Дибала, иако вториот официјално се води како автогол. Во последните мигови, Боли постигна почесен гол за домаќините.

Севиља со луд пресврт стигна до триумф од 3-2 над Краснодар. Гостите одлично го отворија мечот и поведоа со 0-2 со головите на Силејманов и Берг. Ракитиќ намали на 1-2 во 42. минута, но домаќините останаа со играч помалку откако длабоко во судиското надополнување, Навас доби црвен картон.

Но во продолжението, во период од 180 секунди, Ен Несири два пати ја тресе мрежата за кам-бек и победа од 3-2.

На последниот денешен натпревар од 21 часот, РБ Лајпциг со 2-1 го совлада ПСЖ. Ди Марија погоди за 0-1, но промаши пенал за дуплирање на предноста, па Нкунку пред крајот на првиот дел изедначи на 1-1 за Форсберг на стартот од вториот дел од белата точка да донесе 2-1.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе